Кошаркарите на Фенербахче го совладаа Анадолу Ефес со 103:86 во турската пресметка во „Улкер Арена“ и со тоа се доближија до пласман во Топ 8 на Евролигата. Исто така и го елиминираа двократниот последовен шампион на Европа од годинашното издание на Евролигата.
Најџел Хејс-Дејвис беше најдобар стрелец на натпреварот со 26 поени. На другата страна Вил Клајбурн постигна 21, а Мициќ уфрли 16.
Тренерот на Анадолу Ефес, Ергин Атаман, го напушти паркетот на 36 секунди пред крајот, можеби и како асоцијација за испаѓањето на шампионот.
Валенсија славеше против Виртус Болоња со 79:68, а Реал Мадрид беше подобар од Баерн Минхен победувајќи со 79:67. Марио Хезоња со 20 поени ги предводеше „кралевите“, а Андреас Обст постигна 21 кош во составот на Баерн Минхен.