Манчестер Јунајтед не загуби, не прими гол на гостувањето кај Астон Вила, но менаџерот Ерик тен Хаг се уште е на удар на јавноста во Англија.
Нерешениот резултат (привремено) му ја спаси работата на Тен Хаг, лија тактика повторно ја критикуваа поранешните фудбалери. Дека работите во Јунајтед не се добри покажува и фактот дека Џони Еванс беше играч на натпреварот против Астон Вила.
„Тој има 36 години, дојде само да тренира со Манчестер јунајтед, а сега е нивниот најдобар дефанзивец. Тоа ви кажува дека нешто не е баш во ред“, вели Пол Сколс.
„Проблем е нападот. Не го гледам квалитет. Ако ги погледнете најуспешните тимови, тие се во состојба да постигнуваат голови. Колку постигна Јунајтед досега? Пет на седум натпревари? Порано имавме тројца напаѓачи кои можеа да постигнат по 20 голови во сезона. Зборуваме за сезони со 80 гола и повеќе, а јас не го гледам тоа сега во Манчестер јунајтед. Хојлунд е добар, но дали тој ќе постигне 20 голови? Не верувам“.
„Зиркзе? Што е тој? Дали е „деветка“ или „десетка“? Дали ќе постигне 20 гола? Не верувам. Мислам дека се надеваат дека тој е таму со докажан квалитет. Ова е смешно, потрошија толку пари, а некои од нив не можат ниту да влезат во првиот тим. Мислевте дека Угарте дојде и дека ќе ја смени играта во средниот ред. Тој сега не играше. Де Лихт за 50 милиони и тој не играше. Џони Еванс со 36 години играше на неговоот место. Па Мартинез. И него го донесе Тен Хаг. Што ли си мислеше денеска? Еванс игра, мечот го започна и Мегваер. Ова е целосен хаос кога се работи за регрутацијата на играчи“, рече Сколс и потенцира дека тимот нема јасно дефиниран стил на игра.
„Кога немате стил на игра и не знаете како сакате да играте, многу е тешко да изберете играчи. На Ливерпул му беше лесен да купува, знаат што прават. Играат 4-3-3, регрутираат играчи за тој систем. Кога немаш стил на игра, не знаеш како ќе играш, се се менува од недела во недела“.
Тоа што Еванс беше играч на натпреварот како проблем за Јунајтед го истакна и Димитар Бербатов.
„Се обидувам да ги најдам вистинските зборови. Сите на теренот треба да се засрамат бидејќи Џони Еванс е играч на натпреварот. Критиките ќе продолжат бидејќи Јунајтед мора да победува и да освојува бодови. Тие се 14. на табелата, што неверојатно. Единствениот начин тоа да се исправи е да почнат да победуваат и да освојуваат бодови. Но како играат ќе биде многу тешко“, изјави Бербатов.
Инаку, Ерик тен Хаг остави на клупата против Астон Вила пет фудбалери кои беа донесени на негово инсистирање, а за чии трансфери клубот издовои речиси 300 милиони евра.
Угарте, Де Лихт, Зиркзе, Мартинез и Антони беа физички подготвени за натпреварот, но Холанѓанецот не ги вклучи во стартните 11.
Текстот „Еванс играч на натпреварот – тоа ви кажува каков тим е Манчестер јунајтед“ е превземен од МАКФАКС.