Националниот координатор за трансплантација д-р Маја Мојсова Мијовска, смета дека дарувањето органи мора да е државна стратегија, и една држава без оглед кој е на власт треба директно да вложува и да го гради тој систем. Таа вели дека трансплантацијата воопшто не е лесен процес.
– Се впрегнува цела машинерија, премногу медицински лица кои се во погон, мравки кои работат по цела ноќ, за да можат пациентите кои чекаат на листите да го добијат органот. Не е ова лесно, колку и да изгледа така, сите емоции минуваат низ нас, емоциите и ние ги имаме, но се се сведува на крајниот резултат, некому да му овозможите живот. Трансплантацијата сама по себе е врв на еден здравствен систем, вели д-р Мојсова Мијовска за емисијата Вин Вин на ТВ Телма.
Реално, додава таа, ентузијазмот не држи се уште, но на долги стази нема да издржиме.
-Дарувањето на органи е државна стратегија, а една од препораките е државата директно да вложува и да го гради системот, кој и да дојде на власт треба да продолж
и да гради во овој дел, вели д-р Мојсова Мијовска.
Според неа, потребни се многу едукативни кампањи за населението да се запознае со процесот на дарување органи.
-Во европските земји прво се прави кампања, па се добиваат резултати. За разлика од кај нас, ние почнавме обратно, почнавме со трансплантацијата на срце која одекна насекаде, подигнавме органодарителство, но еве гледате се уште немаме кампања. Треба да има едукација на граѓаните, најмногу младите кои ќе креираат некакви идни политики. За жал ниту студентите на медицина не учат за органодарителство. Тоа се многу аспекти во образованието кои многу ни фалат. Обична кампања од типот „дарувајте орган“ не им доловува ништо на граѓаните, тоа е процес кој е признат кај сите и насекаде, но процесот мора да се објасни, изјави д-р Мојсова Мијовска.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.