Од рано утринава отворени се пунктовите за вакцинација против сезонски грип, информираше министерот за здравство Венко Филипче
Заинтересираните граѓани да се пријават на vakcinacija.mk и по СМС порака ќе добијат термин.
Филипче информира дека годинава обезбедени се 40.000 вакцини наменети за имунизација на ризичните категории на граѓани. Вакцините за нив ќе бидат бесплатни. Дополнително обезбедени се и вакцини за комерцијална употреба.
Доктор Виктор Исјановски, директор на Здравствениот дом-Скопје, во изјава за порталот „Локално“ вели дека за вакцина против сезонски грип, доколку лицата веќе се вакцинирале против ковид, треба да почекаат дестина дена.
Со време започнуваме со вакцинација против сезонски грип затоа што епидемиолошки гледано грипот најактивен е во февруари, објаснува директорот на Здравствениот дом, додавајќи дека лицата кои примиле вакцина против ковид 19 препорачливо е да причекаат 10 дена по примањето на вакцината и да дојдат да се имунизираат против грип. СЗО препорачува да се прими оваа комбинација затоа што вакцината против грип не штити од ковид, вели д-р Исјановски.
Тој вели дека во првата пратка на сезонски вакцини против грип има 4.000 вакцини, а истите ќе бидат наменети за медицински лица, хронично болни пациенти, за граѓани над 65 години и за деца под 5 години
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.