Поранешниот фудбалер на Галатасарај и на Челзи, Дидие Дрогба застана во одбрана на Жозе Мурињо, откако од Галатасарај го обвинија за расизам.

По ремито без голови меѓу Фенербахче и Галатасарај во турското дерби, Мурињо го пофали словенечкиот судија Славко Винчиќ, а на неговиот помошник од Турција му порача дека дербито ќе било катастрофа доколку правдата ја делел некој од локалните судии. Тој беше обвинет и дека наводно им рекол на некои играчи од клупата на противничкиот тим дека „скокаат како мајмуни“.

Затоа Галатасарај најави жалба против Мурињо.

„Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, кој редовно дава погрдни коментари кон турскиот народ во јавноста откако почна да работи во Турција, сега додаде нехумана реторика на своите неморални изјави. Затоа ја информираме јавноста дека поради расистичките изјави на Жозе Мурињо ќе поднесеме кривична пријава до државното обвинителство и дека ќе поднесеме жалба и до УЕФА и ФИФА“, најави Глатасарај.

Дидие Дрогба, на кого Мурињо му беше тренер во Челзи, исто така се огласи на социјалните мрежи и застана во одбрана Португалецот.

„Знаете колку бев горд што го носев жолто-црвениот дрес, знаете колкава е мојата љубов најтрофејниот клуб во Турција. Сите знаеме колку може да бидат жестоки ривалствата и имав доволно среќа да ги доживеам. Ги видов неодамнешните коментари за Жозе Мурињо. Верувајте ми кога велам, го познавам Хозе „xy“ години и тој не е расист. Историјата (мината и понова) го потврдува тоа. Да се фокусираме на нашите игри, да ги бодриме „лавовите“ и да ја освоиме лигата за да се доближиме до петтата ѕвезда“, напиша Дрогба и додаде:

„Како може мојот „татко“ да биде расист? Немојте луѓе“.

Дрогба за Галатасарај одигра 53 натпревари, постигна 20 гола и забележа 13 асистенции.

Текстот Дрогба: Мојот „татко“ не е расист е превземен од МАКФАКС.