Само двајца играчи на Барселона оваа сезона продаваат повеќе дресови на каталонскиот гигант од Лионел Меси.
Иако според многумина најдобриот играч во историјата на фудбалот го напушти „Камп Ноу“ во 2021 година, тој останува огромен туристички магнет во градот на североисточниот брег на Шпанија.
Со оглед на тоа што 37-годишниот играч повеќе не е член на клубот, на Барса и е забрането да продава дресови со неговото име на фан шоп. Сепак, верните фанови и краткорочните посетители најдоа начин да ја надминат таа пречка.
Купуваат дресови без содржина на грбот, па дополнително доплаќаат за персонализација и гравирање на презимето на Меси и легендарниот број 10, пишува шпанскиот весник „АС“.
Оваа практика е толку вообичаена што презимињата на само двајца играчи се појавуваат на дресовите во клупските продавници почесто од оние на Аргентинецот: Ламин Јамал и Роберт Левандовски.
Текстот Дресот на Меси трет најпродаван во Барселона е превземен од МАКФАКС.