До 2027 година кинескиот град Гуангжу ќе инвестира повеќе од 10 милијарди јуани или околу 1,29 милијарди евра во таканаречениот сектор „економија на ниски височини“, односно во пилотирани и автономни цивилни авиони што летаат на височини до три илјади метри.

Меѓу другото, парите ќе бидат инвестирани во изградба на повеќе од 100 места за полетување и на летечки такси, а планот е да се изгради аеродром со писта која ќе биде пократка од онаа на цивилните аеродроми.

Плановите ги одржуваат високите очекувања на Пекинг за развој на нов сектор кој сака на овој начин да ја стимулира кинеската економија, јавија тамошните медиуми.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.