До 15 часот до Државната изборна комисија доставени се 134 приговори од политичките партии за начинот на гласање, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
Даштевски објави дека една четвртина од биометриските податоци што ги добиле од МВР се со лош квалитет и апаратите не успеале да ги идентификуваат гласачите со отпечатоци на прсти и заради тоа во тие избирачки места се применува стариот начин на гласање, со УВ лампа.
Според него, освен проблеми со идентификација на гласачите, гужвите пред изборичките одбори се предизвикани и од спроведување на Ковид мерките.
Најмалку на едно избирачко место во речиси 20 општини имало прекин на гласањето од еден до два часа. Прекини имало во избирачки места во Гевгелија, Гостивар, Липково, Демир Хисар, Радовиш, Струга, Студеничани, Сопиште и други помали општини.
Даштевски уверува дека поради прекините гласањето ќе продолжи после 19 часот ако на избириачки места ќе има граѓани што сакаат да гласат.