Австрискиот тенисер Доминик Тим требаше да се врати на големите турнири со настап на Австралија Опен.
Меѓутоа 28-годишникот направи промена во својот распоред во последен момент. Неговата сезона ќе започне во Јужна Америка на крајот од јануари, што значи дека нема да се појави во Мелбурн.
„Јас и мојот тим одлучивме да направиме промени и сезоната да ја започнеме во Аргентина. Тоа значи дека нема да играм на Австралија опен, каде ќе се вратам во 2023 година“, напиша австрискиот ас.