Во Битола синоќа на свеченост во чест на лауреатот на 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, Дариус Конџи, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков му ја врачи наградата Златна камера 300 за животно дело.

„Останав без зборови. Ви благодарам бескрајно. Среќен сум што сум во Битола да ја примам оваа прекрасна награда и сакам да и ја посветам на мојата сопруга Мариен за целата нејзина поддршка,“ изјави Конџи.

„Вечерва, со особена чест, ја доделив Специјалната награда на мајсторот на визуелниот јазик, Дариус Конџи – камерата зад Седум, Полноќ во Париз, Непроценливи дијаманти, Окја, Евита, Загубениот град Зет“, рече Љутков.

Конџи соработувал со режисерите Бернардо Бертолучи, Роман Полански, Вуди Ален, Дејвид Финчер, а снимал и видео спотови со Лејди Гага, Тејлор Сфифт, Мадона и други светски познати ѕвезди.

Текстот Доделена „Златна камера 300“ на кинематограферот Дариус Конџи е превземен од МАКФАКС.