ОВЕН
Работа: Чувствувате голем притисок од сите страни и полека го губите трпението. Нервозата станува составен дел од секој работен ден.
Љубов: Доколку сте во брак, денот ви е многу поволен за решавање на недоразбирањата.
Здравје: Страдате од несоница. Намалете го бројот на часови пред ТВ екранот.
БИК
Работа: Можно е да сте испаднале од вообичаениот ритам. Станавте прилично пасивни. Најдете начин повторно да станете поактивни.
Љубов: Емоционалното разочарување е нешто што тешко ќе го избегнете денес.
Здравје: Проблеми со бубрезите. Посетете уролог.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Ќе имате можност да завршите со претходен договор кој ви носи нови финансиски средства.
Љубов: Доколку сте доволно опуштени и спонтани, љубовта ви доаѓа преку кругот на пријатели.
Здравје: Губење на апетит, како последица на поголема нервоза и напнатост.
РАК
Работа: Можни недоразбирања со раководството на компанијата кои би можеле скапо да ве чинат, доколку не ви е јасно до каде е границата.
Љубов: Можно е претходните денови да сте имале многу жестока расправија со партнерот, што довело до солзи.
Здравје: Направете крвна слика
ЛАВ
Работа: Доколку очекувате соработка со личност родена во знакот Водолија, ќе бидете задоволни.
Љубов: Уживате во бројни можности за флерт и авантура. Не сакате ништо сериозно во моментов
Здравје: Грижете се за вашиот холестерол. Променете ја исхраната.
ДЕВИЦА
Работа: Нестабилноста на полето на финансиите ви носи чувство на страв и голем немир. Постои можност за дополнителни активности кои мора безусловно да ги прифатите.
Љубов: Барате докази за да ги потврдите вашите сомнежи. Забавете малку.
Здравје: Чувствителен урогенитален тракт.
ВАГА
Работа: Лесно е да заврши соработката. Не донесувајте одлуки од афект.
Љубов: Доколку долго време сте во лоша емотивна врска, денес ќе ставите точка на тоа. Партнерот не ви одговара и не сакате повеќе да се замарате.
Здравје: Можен проблем во сообраќајот.
ШКОРПИЈА
Работа: Некој успеа да го наруши прилично добриот план што го имавте. Разочарани сте од еден соработник. Не зборувајте за вашите планови во иднина.
Љубов: Искористете ја можноста да се посветите на себе и на вашите потреби.
Здравје: Зголемете го внесот на витамини.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Можете да договорите некоја многу важна деловна соработка. Преземете одговорност.
Љубов: Можно е да започнете убава емотивна приказна. Интересно е што шансата е посочена на полето на работа.
Здравје: Грижете се за вашиот крвен притисок.
ЈАРЕЦ
Работа: Финансиите не се онакви какви што се надевавте дека ќе бидат. Сега не е време за губење пари.
Љубов: Можете да очекувате помалку конфликти и кавги со партнерот. Не можете да ги контролирате емоциите.
Здравје: Чувствителен долен дел на стомакот.
ВОДОЛИЈА
Работа: Изненадени сте од негативната реакција на еден од вашите соработници. Бидете внимателни, бидејќи тоа може лошо да се одрази на вашата репутација.
Љубов: Имате добра комуникација со партнерот. Решивте да бидете целосно искрени.
Здравје: Можни болки во грлото.
РИБИ
Работа: Можно е да имате помалку пари отколку што ви треба и тоа ве прави вознемирени.
Љубов: Ако имате брак или долга врска, се чувствувате некако ограничени. Сепак, не се препорачуваат паралелни врски.
Здравје: Проверете ја тироидната жлезда. Можни се проблеми.