Новата сезона во Евролигата започна со победи на Монако, Панатинаикос и Жалгирис. Во елитното натпреварување дебитираше Ненад Димитријевиќ, чии Милано доживеа пораз од Монако 93:80.
Милано во „малото кнежевство“ одигра катастрофално прво полувреме. Во првите шест минути постигнаа само два поени (од линијата за слободни фрлања), а во првото полувреме само 26.
На полувреме Монако имаше водство 47:26. Во второто полувреме Милано се обиде, но неколку пати дојде до минути од 10 поени, но разликата по првиот дел беше преголема за некаков престврт.
Димитријевиќ за 24 минути на теренот забележа 11 поени, шест скока и пет асистенции. Ист број на поени постигна и Ледеј, а најефикасен кај Милено со 16 поени беше Брукс.
Монако, во чии редови петмина постигнаа двоцифрен број на поени го предводеше Окобо со 20 коша.
Жлагирис славеше против Барселона со 74:67. Победата на Жалгирис му ја донесоа Игнас Браздеикис со 17 поени и Силван Франциско со 14 поени.
Кај Барса, Кевин Пантер и Џабари Паркер постигнаа по 11, Николас Лапровитола 10, Вили Ергагомез осум, Јан Весели седум поени.
Европскиот првак Панатинаикос, одбраната на титулата ја започна со победа во Берлин над Алба 87:77.
Кендрик Нан беше најефикасен со 16 поени, 3 скока и 4 асистенции, а Лесор имаше 14 и 8 скока, Ернангомес 11, Грант и Слукас по 10 поени.
На другата страна 13 поени постигна Мекдауел-Вајт, 12 и 8 асистенции имаше Хермансон.
Текстот Димитиријевиќ добар, Милано декласиран во Монако е превземен од МАКФАКС.