Вештачкиот засладувач аспартам, кој се наоѓа во диетални пијалоци, гуми за џвакање, желатин, сладолед, млечни производи како јогурт, житарици за појадок, паста за заби и лекови како капки за кашлица и витамински таблети за џвакање, е можен предизвикувач na рак, соопшти Светската Здравествна Организацијата (СЗО).
Меѓународната агенција за истражување на ракот (ИАРЦ), СЗО и Заедничкиот експертски комитет за адитиви во храната (ЈЕЦФА) објавија проценка за здравствените ефекти на хемискиот засладувач аспартам.
– Цитирајќи „ограничени докази“ за канцерогеност кај луѓето, ИАРЦ го класифицираше аспартманот како „можеби канцероген“ за луѓето, додека ЈЕЦФА го потврди прифатливиот дневен внес од 40 мг/кг телесна тежина – се вели во соопштението.
ИАРЦ го класифицира овој засладувач како евентуално канцероген за луѓето (Група 2Б) врз основа на ограничени докази за рак кај луѓето (конкретно, хепатоцелуларен карцином, кој е тип на рак на црниот дроб).
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.