Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне полека, но сигурно се враќа во посакуваниот натпреварувачки ритам и тоа го покажа на средбата против Лидс каде даде два гола во победата од 7-0.
Белгиецот е задоволен што се оди во позитивна насока, ама во исто време признава дека се уште ги чувствува последиците од коронаврусот со кој се зарази во второтата половина на минатиот месец.
-Сè уште понекогаш чувствувам дека моето тело сè уште се прилагодува затоа што понекогаш правам два или три спринта и тоа го чувствувам, бидејќи имав КОВИД. Бев прилично болен четири дена. Мислам дека беше како грип, но никогаш не сум го имал тоа, па не можам да кажам со сигурност.
-Имав температура, особено навечер и го изгубив мирисот и вкусот. По пет дена стануваше подобро, но ми требаше повеќе време за вкусот и мирисот, но сега сум добро, -истакна Кевин кој се надева дека сите проблеми се конечно зад него и ќе може максимално да им се посвети на работните обврски.