Mакедонскиот прволигаш Работнички го доведе Мевљан Мурати како ново засилување за новата сезона во шампионатот. Дефанзивецот доаѓа од редовите на Шкендија, потпиша двегодишен договор и треба да ја засили конкуренцијата во одбраната на „романтичарите“Мевљан Мурати е поранешен младински репрезентативец, член на „златната генерација“ на Македонија која во 2017 година учествуваше на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Полска.
29-годишниот фудбалер игра на позицијата десен бек, но може да одговори адекватно и на левата странична позиција.
Мурати минатата сезона одигра 24 натпревари во дресот на Шкендија, од кои 18 првенствени и шест европски мечеви, со вкупна минутажа од 1825 минути.