На луѓето им требаат 50 микрограми витамин Б12 дневно, а оние кои имаат недостаток на оваа хранлива материја може да искусат одредени тешкотии, според британскиот биолог Џастин Батлер.
Екстремниот замор, недостатокот на енергија, мускулна слабост, пецкање, депресија и когнитивни проблеми, како што се слаба меморија, разбирање и расудување, може да бидат признак за недостаток на витамин Б12, вели д-р Батлер.
Таа наведува дека витаминот Б12 го произведуваат бактериите коишто се наоѓаат во почвата, па најлесен начин да се добие е преку неизмиени плодови, што за повеќето луѓе денес не е опција. Затоа, сега најчесто се добива од збогатена храна или додатоци во исхраната.
Може да се добие со внесување екстракт од квасец и снегулки, млеко од растително потекло, вегански јогурти и десерти збогатени со витамин Б12… Тој витамин му помага на телото да одржува здрави нервни клетки и помага во создавањето на ДНК. Исто така, витаминот Б12 тесно е поврзана со фолната киселина, ги ствара црвените крвни зрнца, му помага на железото подобро да работи во телото и произведува соединение вклучено во имунолошката функција и расположението, појасни д-р Батлер.
Меѓу последиците од долгорочно ниско ниво на витамин Б12, се покачени нивоа на аминокиселината хомоцистеин во крвта. Тоа пак е поврзано со срцевите заболувања. Советот на стручкот за крај гласи – при загриженост за нивото витамин Б12 и сомнеж за недостаток, контактирајте со вашиот лекар за консултација.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.