Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 јануари.
Денеска е Преподобна Ксенија Римјанка.
Ксенија потекнуваше од римско аристократско семејство. Во семејството го доби името Евсевија. Сакајќи да ја омажат, родителите подготвија свадба, но Евсевија тајно го напушти домот и, заедно со две свои поранешни слугинки, го започна монашкиот подвиг на островот Коа. Таму и се нарече Ксенија, што значи туѓинка. Подоцна, сите три се преселија во карискиот град Милас. Таму останаа до крајот на своите земни животи. Грижливо чуваната тајна на преподобна Ксенија, поранешната Евсевија, ја откри една од нејзините сестри после нејзината смрт, зачувувајќи го на тој начин ова чудесно сведоштво за Црквата Христова.
Верниците и’ денес го посетуваат гробот на Преподобна Ксенија Римјанка бидејќи се верува дека нејзините мошти донесуваат исцелување на секоја болест како и среќа на оној кој ќе ги допре.
Бидејќи станува збор за светителка кој цел живот се борела за правото на жените сами да одлучуваат што ќе прават со својот живот, Ксенија и денес се смета за заштитничка на поубавиот пол.
Поради тоа дамите денес би требало да се воздржат од секаква работа, особено врзана за домот.
Наместо тоа во чест на оваа светителка би требало денот да го минат во природа и одмор, како и задолжително да наминат до црква, да запалат свеќа и да ја изговорат оваа молитва:
„Во тебе мајко сигурно се спаси боголикот, бидејќи примајќи го Христ, го следеше Господ Христ. Со делата учеше да го презираш телото, сакајќи повеќе за душата стварна бесмртна, затоа и со Анѓелите, Света Ксенија, се радува духот твој“.
Се верува дека желбата која ќе ја замислат во моментот додека и се молат на Света Ксенија сигурно ќе биде исполнета.