Јеонг-Су, актерот кој глумеше симпатичен старец во дистопискиот хит на Нетфликс, Squid Game, односно натпреварувачот со бројот 001, ги расплака водителите со своите зборови минатата година во една телевизиска емисија.

Тие го испрашувале 77-годишниот актер за теми поврзани со серијата, како што е односот на модерниот свет со победниците.

„Нашето општество развива култура во која е важно само првото место. Ако си втор, тоа е ирелевантно. Но, ќе ти кажам нешто – вистински победник е оној кој е посветен на она што го сака и кој работи на своите вештини. Мислам дека таков човек е вистински победник“, рече актерот.

Го прашале и за односот кон животот, на што тој одговорил дека се труди да не биде алчен во животот. Тој рече дека човекот добива многу во животот, и дека се труди да и врати на заедницата се што има.

„Ќе ти дадам пример, шеташ по планина и налетуваш на цвет, кога си млад, го береш, но кога ќе дојдеш до мои години, нема да го береш, ќе го цениш тоа што има таму. Тогаш ќе дојдеш до моите години. Ќе ги оставиш работите таму каде што се за да можам повторно да ги ценам. Животот е ист. Само остави ги работите таму каде што се. Дали сум во право?“ изјави актерот, додавајќи дека не е секогаш лесно.

На овие зборови на водителката и се појавија солзи.

„Една колешка се разнежни кога ги слушаше твоите зборови“, коментира водителката, додека самата водителка рече дека зборовите на актерот ѝ го допреле срцето.