Две жени вчера во Скопје биле нападнати од страна на нивните поранешни партнери.

Во првиот случај, 51-годишна жена од скопско пријавила дека околу 18 часот во домот била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.П.(49).

Неколку часа подоцна, 31-годишна жена од Битола, со престој во Скопје, пријавила дека пред нејзиниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Р.К.(34) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.

Текстот Две жени натепани од поранешните партнери во своите домови е превземен од МАКФАКС.