Во Данска денеска се регистририрани речиси 10.000 нови случаи на коронавирус, што е нов дневен рекорд од почетокот на пандемијата, јави ДПА.
Сојот омикрон е пронајден во околу 3.000 од овие регистрирани случаи – изјави вечерва на прес-конференција Хенрих Улум, директорот на телото за контрола и превенција на болестите.
Од крајот на ноември во Данска се откриени вкупно околу 9.000 заразени со сојот омикрон. Таканаречените настани за супер брзо ширење на заразата, особено ноќниот живот, доведоа до брзо ширење на вирусот, рече тој.
Инфекцијата ќе продолжи да расте доколку ништо не преземеме – рече Улум.
Премиерката Мете Фредериксен претходно на Фејсбук најави нови мерки против заразата, без да даде конкретни потези.
Неколку партии во парламентот повикаа на ограничување на собирите, пренесе ДПА.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.