Дали некогаш сте обрнале внимание на капакот на хемиско пенкало и сте забележале дека има дупка на горниот дел од него? Дали некогаш сте се запрашале за што служи?

Имено, таа дупка има повеќе од важна функција.

Ако дете или возрасен случајно го проголта капакот на хемиското пенкало, тоа им овозможува да дишат ако остане заглавено во душникот и да преживеат додека не пристигне брзата помош.

Тој мал отвор секоја година спасува стотици детски животи, бидејќи децата често ги голтаат капаците на хемиските пенкала, како и други ситници што сакаат да ги стават во уста. Возрасните се повеќе склони кон џвакање на капакот, кој може ненамерно да се лизне во грлото.

Дизајнерите на BIC го редизајнираа популарното хемиско пенкало Crystal Pen уште во 1991 година, но тоа остана незабележано од јавноста.

Меѓутоа, со текот на времето, конкуренцијата го забележа овој детал, па редизајнот на BIC беше копиран од некои други големи производители. Сепак, некои земји го препорачаа истиот дизајн на хемиско пенкала на нивните производители.