реклама

И кучињата и мачките се мили животни и се одлични миленици, но дали знаевте дека вашата преференца помеѓу кучињата и мачките кажува многу повеќе за вас отколку што мислевте.

Една од најзначајните разлики е тоа што љубителите на кучиња се значително подружељубиви и поектровертни луѓе од љубителите на мачки, кои пак повеќе го ценат својот мир, поминувањето време во својот дом и – се поинтровертни.

реклама

Психолошките истражувања покажуваат дека сопствениците на кучиња, во просек, се значително подружељубиви од сопствениците на мачки, сакаат да се дружат во големи групи луѓе и се поактивни, пишува Jolie.hr.

Покрај тоа, љубителите на кучиња често се многу самоуверени и гласни во општеството и сакаат да бидат во центарот на вниманието. Додека, генерално, сопствениците на мачки се повеќе „домашни“ типови. Сопствениците на кучиња често се спортисти и рекреативци.

реклама

Друга интересна работа е што сопствениците на кучиња имаат специфично однесување кога се во друштво со други сопственици на кучиња, како да го имитираат однесувањето на своите миленици – велат психолозите.

Сепак, сопствениците на мачки често се интелектуално напредни луѓе. Љубителите на мачки немаат многу голем круг на пријатели, но оние што ги имаат се навистина лојални доживотно.

реклама