Италијанскиот репрезентативец и член на Сасуоло, Давиде Фратези, ќе биде нов фудбалер на Интер. Европскиот вицепрвак ќе ја плати откупната клаузула која изнесува 25 милиони евра.
Покрај тоа, во Сасуоло заминува и младиот играч на Интер, Самуеле Мулатиери, кој беше на позајмица во Фросиноне минатата сезона. Фратези треба да биде замена за Марсело Брозовиќ, кој замина во саудискиот клуб Ал-Наср.
Фратези беше цел и на Јувентус, Милан и Наполи, но на крајот ќе одлучи да ја прифати понудата на Интер.