Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повика на итен прекин на огнот на Блискиот исток, откако стотици луѓе загинаа во воздушен напад на болница во Газа во вторникот (17 октомври).
„Повикувам на итен хуманитарен прекин на огнот на Блискиот Исток за да се олесни големото човечко страдање. Премногу животи и судбината на целиот регион висат на конец“, напиша Гутереш на платформата X.
Тој нагласи дека е „ужаснат“ од нападот врз болница во Газа во кој загинаа стотици луѓе.
Пред да полета за кинескиот главен град за да присуствува на форумот „Појас и пат“, Гутереш рече дека го повикал Хамас веднаш и безусловно да ги ослободи заложниците, а Израел да дозволи итен и неограничен пристап до хуманитарна помош до Газа.