Грција се подготвува за првиот топлотен бран годинава, кој според најавите треба да започне утре, вторник, со температури над 40 степени и „многу висок“ ризик од пожари, најави денеска министерот за климатски кризи Василис Кикиљас.
Грција се подготвува за првиот топлотен бран годинава, кој според најавите треба да започне утре, вторник, со температури над 40 степени и „многу висок“ ризик од пожари, најави денеска министерот за климатски кризи Василис Кикиљас.
Врвот ќе биде во среда и четврток, а „опасноста од пожари ќе биде многу висока во значителен дел од Грција“, изјави министерот задолжен за цивилна заштита.
Метеоролошката служба предвидува дека температурите во централниот дел на Грција би можеле да се искачат до 42 степени.
Високи горештини веќе се регистрирани последните денови, особено во Атина, каде во четврток се очекуваат 38 степени.
Кикиљас го повика населението да „помогне и да се грижи за заштита на човечките животи“ и природата, бидејќи веќе има од 30 до 40 пожари на отворено дневно, но засега тие се претежно од помал обем.
Топлински рекорди за првата недела од јуни се забележани минатиот вторник, објави веб-страницата meteo.gr, со температура од 39,3 степени на некои места.
Грција доживеа разорни пожари и двонеделен топлотен бран во 2023 година.
Минатата зима беше најтопла откако е измерена температурата, а сега се соочуваме со „многу тешко лето“ и шумски пожари, рече Кикиљас, кој минатата недела беше интервјуиран од агенцијата АФП.
Во 2023 година изгореа околу 175.000 хектари шуми и земјоделско земјиште, а повеќе од 20 луѓе загинаа во пожарите.
Според Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), зголемените температури предизвикани од емисиите на фосилни горива ја продолжуваат сезоната на пожари и ја зголемуваат опожарената површина.