Др. Анџелик Котзи, претседателка на Јужноафриканското здружение на лекари и првата личност што ја забележа новата варијанта на коронавирусот кај пациент, ја коментираше за „Дејли Меил“ „хистеричната реакција“ на Британија по појавата на варијантата омикрон.
Веднаш на почетокот, таа оцени дека предвидувањата оти Британија ќе има до милион случаи до крајот на месецот и дека здравствениот систем ќе биде преоптоварен со до 10.000 хоспитализации дневно, веројатно се вовед во откажувањето на Божиќ и Нова Година. Котзи изрази верување дека таквото предупредување на премиерот Борис Џонсон е „на работ на хистерија“.
„Треба само да погледнете што се случува во Јужноафриканската Република, каде што се пријавени првите случаи на омикрон, за да разберете дека оваа реакција е непропорционална со ризиците што ги носи оваа варијанта“, рече таа.
– Изгледа дека новиот сој веќе некое време циркулира во Јужна Африка, а претходно беше забележан во Боцвана. Моја должност беше да ја пријавам загриженоста. Не се каам што го направив ова, но изненадена сум од реакцијата на светските лидери што следеше, кога Британија и некои други европски земји воведоа строги ограничувања за патување и го продолжија карантинот.
– Тогаш реков дека не знаеме ни приближно доволно за омикрон за да наметнеме такви ограничувања. Сега сум уште повеќе изненадена од последните изјави на британската влада, со оглед на наодите за омикрон во последните четири недели. Работев со пациенти заразени со новиот вид и можам слободно да кажам дека знам повеќе од другите за ефектите што може да ги има врз луѓето, вели Котзи.
– Јас работам со луѓе, а не со статистички проекции и можам да ве уверам дека симптомите кај пациентите кај кои е идентификуван омикрон се многу благи во споредба со оние што ги гледаме кај пациенти инфицирани со многу поопасната делта варијанта.
„Сум видела многу пациенти со омикрон кои претходно имале делта варијанта и ќе ви кажат дека се среќни што имаат омикрон по втор пат, иако никој не може да биде среќен што има Ковид-19, додава Котзи и открива на какви симптоми се пожалил првиот пациент заразен со омикрон.
-Ми дојде млад човек кој мислеше дека предолго бил на сонце бидејќи работел надвор. Пациентите обично имаат болки во мускулите, главоболки и малку се уморни, но состојбата не се влошува. По пет дена се подобрува и тоа е тоа, рече таа.
– Разочарана сум од ваквите непромислени реакции на британската влада. Тие немаат никаква врска со она што го гледаме во Јужна Африка, каде што луѓето едвај го спомнуваат омикрон,, вели Кетзе.
Да потсетиме, Борис Џонсон вчера рече дека најмалку еден пациент во Британија починал откако бил заразен со омикрон и посочи дека мора да заборавиме на идејата дека тоа на некој начин е поблага верзија на вирусот.
Министерот за здравство Саџид Џавид предупреди дека омикронската варијанта на вирусот се шири со неверојатна брзина и дека сега сочинува околу 40 отсто од заразените во Лондон.