Неколку луѓе загинаа, а неколку се повредени кога рано наутро камион удрил во воз во јужна Унгарија, соопшти полицијата. Несреќата се случила на преминот во Миндсент, недалеку од границата меѓу Унгарија и Србија.
Полицијата соопшти дека неколку лица се повредени, а неколку починале на лице место. Според порталот Delmagyar.hu, седум лица загинале, додека Mavcsoport.hu наведува дека според првите информации во возот имало 22 патници и дека двајца од осумте повредени се во тешка состојба.
Несреќата се случила на преминот во Миндсент, недалеку од границата меѓу Унгарија и Србија.
Полицијата соопшти дека неколку лица се повредени, а неколку починале на лице место. Според порталот Delmagyar.hu, седум лица загинале, додека Mavcsoport.hu наведува дека според првите информации во возот имало 22 патници и дека двајца од осумте повредени се во тешка состојба.
Унгарскиот портал Index.hu пишува дека несреќата се случила утринава нешто пред 7.00 часот во областа Мајндсент на железничкиот премин Дели и дека камионот влегол во пругата и покрај ознаката за забрана, каде што се судрил со воз кој сообраќал од Сентес до Ходмезевасархел.
Од силината на ударот возот излетал од шините. Полицијата го затворила просторот во целата ширина на коловозот, а сообраќајот е пренасочен по околните улици.