Јаглен наместо гас за производство на струја, побрзо пополнување на резервите на гас: Ова се двете централни мерки со кои германската влада реагира на намалените испораки од Русија. За тоа доби поддршка и од индустријата.

Advertisements

Германската индустрија ги поддржува плановите на министерот за економија Роберт Хабек, потрошувачката на гас да се намали во услови на намалена испорака од Русија.

„Мораме колку што е можно повеќе да ја редуцираме потрошувачката на гас, секој киловат час е важен,“ изјави претседателот на индустријата Зигфрид Русвурм, за агенцијата ДПА и додава „Приоритет мора да биде да се наполнат резервоарите за складирање гас за претстојната зима.“

Хабек сака да се преземат и дополнителни мерки за да се заштеди гас и да ја зголеми превенцијата на криза. Ситуацијата ја опиша како сериозна.

Поради тоа смета дека треба да се намали употребата на гас за производство на електрична енергија и во индустријата и наместо тоа да се користат повеќе електраните на јаглен. Целта е колку што е можно повеќе да се замени производството на електрична енергија во електраните што работат со природен гас. Треба да се поттикне и полнењето на резервоарите за складирање гас.

Термоелектраните на лигнит кои стојат како резервна опција би можеле во релативно брзо време да се рестартираат, изјави Керстин Андре, претседател на Извршниот одбор на Асоцијацијата за енергетски и водни индустрии (БДЕВ), во понеделникот за утринскиот магазин на АРД.

Тврдиот јаглен е исто така можна опција, но тој треба да се увезува и складира.

Во изјава за вестите на вториот канал, ЦДФ, Хабек е уверен дека снабдувањето може да се осигура за претстојната зима.

„Клучно е складиштата за гас да се полни во зима – и тоа до 90%“, вели тој. Во моментов се 57% полни. Ова е еден вид „туркање на рака“ во која првиот човек на Кремљ Владимир Путин е за сега посилен. „Но, тоа не значи дека ние не можеме да ја турнеме ситуацијата во друга насока доколку вложиме напори,“ рече Хабек, пренесува dw.com/mk.