Џан Пјеро Гасперини (67) нема да го продолжи договорот со Аталанта. Искусниот тренер го предводи клубот од Бергамо од 2016 година. Под негово водство, тимот постојано е меѓу најдобрите во италијанскиот фудбал, редовен учесник во европските купови.
Во Серија А еднаш беа втори, три пати трети и двапати четврти. Најлошиот финиш на Аталанта под водство на Гасперини беше во сезоната 2021/22, кога беа осми. Минатата сезона беше најуспешна за нив, беа втори во италијанскиот шампионат и ја освоија Лигата на Европа.
Во тековната сезона го држи третото место на 12 кола до крајот на првенството. Заостанува два бода зад второпласираниот Наполи и три бода зад водечкиот Интер.
Единствената негативна страна е елиминацијата во осминафиналето на Лигата на шампионите против белгискиот Клуб Бриж.
Гасперини, чиј договор со Аталанта истекува во јуни следната година, во саботата потврди дека нема намера да го продолжи договорот.
Според италијанските медиуми, Гасперини од следната сезона ќе биде тренер на Рома.
Текстот Гасперини се сели во Рим, по девет години ја напушта Аталанта е превземен од МАКФАКС.