Претседателот на Србија Александар Вучиќ при своето обраќање до медиумите на отворањето на обиколницата околу Горњи Милановац се осврна и на поразот од Црвена звезда во Милано.
Не е тајна дека српскиот претседател е голем навивач на Црвена звезда.
Зборувајќи за политички теми, Вучиќ во еден момент се префрли на фудбалот и нагласи.
„Срам ми е кога играчите на Звезда губат со 4:0, а велат дека не се фасцинирани од оние што ги победиле“.
Оваа реакција на Вучиќ се однесува на изјавата на капитенот Урош Спајиќ, по убедливиот пораз од Интер во Милано во 2. коло од Лигата на шампионите.
Вучиќ во живо го следеше првиот натпревар на Црвена звезда оваа сезона во Лигата на шампионите против Бенфика.
Текстот Вучиќ: Се срамам кога играчите на Звезда губат со 4:0, а велат… е превземен од МАКФАКС.