Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во Тетово ги лишиле од слобода А.Е.(18) и малолетник, двајцата од Тетово, постапувајќи по пријава од 37-годишна жена од Тетово.

Имено според полицијата, тие во неколку наврати извршиле обљуба врз двете малолетни ќерки, а притоа и снимале со мобилен телефон и едната малолетничка ја принудувале на сексуален однос со други лица.

Полицијата соопшти дека е известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Текстот Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово е превземен од МАКФАКС.