Еден од противниците на Македонија на Европското ракометно првенство во Словачка и Унгарија, репрезентацијата на Словенија го објави списокот на ракометари на кои ќе смета селекторот Љубомир Врањеш на претстојниот шампионат.

Врањеш се одлучи за 21 ракометар во првиот дел од подготовките, а некаде пред самиот почеток на шампионатот бројот ќе се намали на 18 играчи. Прва вест е дека на списокот ја нема „ѕвездата“ на Пик Сегед, Дејан Бомбач.

Подготовките на Словенија почнуваат на 26. декември без играчите од Бундеслигата кои ќе се приклучат на 1. јануари. Пријателски натпревари закажаа со Хрватска на 29. декември и Италија на 5. и 7. јануари.

Покрај Словенија, Македонија за противник во групата А во Дебрецин ќе ги има и Данска и Црна Гора.