Останува на сила забраната во Црна Гора за празниците да не се одржуваа концерти и прослави на отворено, одлучија денеска Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Црна Гора.
Во образложението од институциите се наведува дека на таквите настани ќе има многу луѓе, а во Црна Гора веќе се регистрирани првите случаи на инфицирани со Омикрон варијантата на ковид-19.
„Тоа се настани од голем епидемиолошки ризик и тешко е да се контролираат голем број на луѓе на едно место, невозможно е да се обезбеди пропишаното растојание меѓу нив и носењето маска. Би дошле и многу туристи од регионот со што ќе се зголеми ризикот од нови инфекции, особено во ситуација во која во Црна Гора имаме заразени со Омикрон“, изјави директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ.