Жан Тод, поранешен шеф на Ферари, вели дека е во постојан контакт со Михаел Шумахер, седумкратниот светски шампион.
Славниот Германец пред 11 години падна на скијање во француските Алпи, доживеа тешка повреда на главата и оттогаш неговата здравствена состојба е обвиткана со мистерија.
„Јас сум во редовен контакт со Мајкл и неговото семејство. Тие се дел од мојот живот. Семејството избра да не зборува за неговата состојба и јас го почитувам тоа“, истакна Тод.
Неодамна се појави информација дека Шумахер бил присутен на венчавката на неговата ќерка, но никогаш не е добиена официјална потврда, ниту пак во јавноста се појавија фотографии.
Текстот „Во постојан контакт сум со Михаел Шумахер“ е превземен од МАКФАКС.