Во Иран затворени се два огранока на организации поврзани со Германија поради „незаконски активности и финансиска измама. Еден од затворените центри е Институтот за германски јазик во Техеран.
Според иранските медиуми забележани се прекршувања и од други центри поврзани со Германија, кои во моментов се под истрага
Одлуката за затворање е донесена по забраната на исламскиот центар Хамбург во Германија. Минатиот месец Германија го забрани Хамбуршкиот исламски центар и неговите поврзани организации поради „радикални исламистички цели“.
Германското Министерство за внатрешни работи тогаш соопшти дека центарот дејствувал како директен претставник на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи и имал за цел да предизвика исламска револуција во Германија. По затворањето на исламскиот центар во Хамбург, германскиот амбасадор во Техеран беше повикан во иранското Министерство за надворешни работи. /MIA