Вчера во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека околу 13.00 часот во с.Моштица, општина Македонска Каменица, движејќи се по некатегоризиран пат, патничко возило „тико“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Т.С.(53) од с.Саса, излетало од патот.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничките Е.С.(49) и Ј.С.(47) од с.Моштица, констатирани во Клиничка болница Штип.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Штип.
Текстот Возило излета од патот во Македонска Каменица: тешко повреден возачот е превземен од МАКФАКС.