Демократот Роберт Ф. Кенеди Џуниор (69), активист против вакцините и дел од едно од најпознатите политички фамилии во САД, се кандидира во трката за претседател на изборите во 2024 година.

Advertisements

Тој вчера поднесе изјава за кандидатурата во Федералната изборна комисија и на тој начин го предизвика актуелниот претседател Џо Бајден за номинација на демократите, објави АП.

Шеесет и деветгодишниот Кенеди, внук на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди и син на неговиот убиен брат Роберт Ф. Кенеди, е поранешен автор на бестселери и адвокат за животна средина.

Прикажи повеќе