Македонскиот репрезентативец Висар Мислиу од следната сезона ќе игра ранг погоре во германскиот фудбал. Тој заминува од Инголштад и е пред потпис на договор со Падерборн, кој е член на Втората Бундеслига.
Договорот треба да биде потпишан на две сезони, а Муслиу наводно веќе ги договорил личните услови.
Падерборн минатата сезона заврши на шестото место во второлигашкото друштво на Германија.