Винисиус Жуниор донел одлука да го продолжи договорот со Реал Мадрид, објавија шпанските медиуми.
Информацијата дека Бразилецот нема намера да го напушти Мадрид и покрај финансиски неверојатната понуда што ја добил од Саудиска Арабија, ја објави новинарот Ману Карено во неговата емисија „Ел Ларгеро“, а во текот на ноќта ја пренесоа и двата реномирани мадридски медиуми, „АС“ и „Марка“.
Споменатиот новинар тврди дека менаџерите на 24-годишниот фудбалер во изминатите денови неколкупати се сретнале со челниците на Реал и дека повеќето детали се договорени, а официјалното соопштение за продолжување на соработката се очекува веднаш по завршувањето на сезоната. Неизвесно е само дали новиот договор ќе биде потпишан на две или три години.
Наводно, Винисиус успеал да го убеди Флорентино Перез да му ја зголеми платата која според договорот потпишан во 2022 година во просек изнесува 15.000.000 евра по сезона.
Откако пристигна во Мадрид од Фламенго во летото 2018 година за 45.000.000 евра, брзоногиот дриблер освои дури 18 трофеи, од кои два во ЛШ.
На 311 настапи за Реал досега, Винисиус Жуниор постигна 105 гола, со 79 асистенции. Сезонава 20 пати беше стрелец и забележа 14 асистенции.
Текстот Винисиус Жуниор решил да остане во Реал е превземен од МАКФАКС.