Познато е дека пејачката и модна дизајнерка Викторија Бекам ретко се насмевнува на фотографиите. Таа најчесто има сериозен израз на лицето, а сега ја објасни причината за тоа.
Во неодамнешното интервју за Телеграф, Викторија изјави дека се чувствува непријатно во многу ситуации кога ја фотографирале, поради што изгледа сериозно и не се насмевнува. Претходно, вели, имала проблеми со самодовербата поради акните кои ги имала на лицето, па внимавала што јаде и како изгледа на сликите.
„Поради мојата кожа, почнав да внимавам што јадам. И да, веројатно изгледам сериозно на многу слики, но ми беше толку непријатно. Имаше ли ситуации кога ги прегледував коментарите за себе? Да, но сега едноставно немам време за тоа“, рече таа.
Иако веќе нема проблематична кожа, и понатаму се придржува до исхраната. Нејзиниот сопруг Дејвид Бекам претходно откри дека Викторија веќе 25 години јаде ист оброк секој ден – риба на скара и зеленчук на пареа.
Текстот Викторија Бекам откри зошто не се насмевнува на фотографиите е превземен од МАКФАКС.