Најубавите моменти ги паметиме по чувствата што ни ги предизвикале. По љубовта, надежта, радоста, моментите кога сме стекнале пријателства и релации кои сме ги граделе, а ќе траат засекогаш.
Токму затоа, Fashion Group во овие празнични денови испраќа порака во новата 2025 година, љубовта да биде двојно поголема!
Да се радуваме на она што допира во суштината и да бидеме во друштво со саканите. Физички или со мислите.
Да ги спакуваме подароците одбрани со внимание и посвета, за насмевките овие празници да бидат уште пошироки и поискрени.
Погледнете ја празничната реклама на брендот кој изминативе две децении ги обединува сите генерации. Токму онака како во сечиј дом и семејство.
Да замислиме присутност, на секое поле, онаа вистинската, за која толку тежнеевме.
Овие празници, да го замислиме животот поголем од кога и да е, да бидеме тука, да живееме за нови авантури, за најблиските, за нас.
За празниците да го пронајдеме мирот по кој толку копнеевме.
За љубовта, овие празници да биде двојно поголема!
Имајте среќни празници и не престанувајте да го исчекувате најубавото, бидејќи токму тогаш и се исполнува!
Ваш, Fashion Group!
Организација и реализација: Fashion Group
Фотограф: Мартин Трајановски
Видео: Дарко Јовановски
Гардероба: Fashion Group
ПР
Текстот (Видео) Fashion Group: За љубовта, овие празници да биде двојно поголема! е превземен од МАКФАКС.