50 лица загинаа во голем пожар во хипермаркет во градот Ал-Кут во источен Ирак, објави државната новинска агенција ИНА, повикувајќи се на гувернерот на покраината.
Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат пламен како ја зафаќа петкатна зграда во Ал-Кут преку ноќ, додека пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот.
| Dozens of casualties reported in fire at hypermarket in al-Kut, Iraq pic.twitter.com/V73Gf8BmY9 — MENA Observer (@MidEastOb) July 17, 2025
Ројтерс не можеше независно да ги потврди видеата.
Причината за пожарот сè уште не е позната, но гувернерот најави дека првичните резултати од истрагата ќе бидат објавени во рок од 48 часа, објави ИНА.
„Покренавме тужби против сопствениците на зградата и трговскиот центар“, го цитираше ИНА гувернерот.
Текстот (Видео) 50 загинати во пожар во трговски центар во Ирак е превземен од МАКФАКС.