Иако неодамна објави дека се пензионира, Џим Кери одлучи да се врати на актерството. Во филмот Sonic The Hedgehog 3, тој повторно ќе го отелотвори ликот на Др. Роботник кој го играше и во првите два дела.
„Се вратив во овој универзум затоа што, пред сè, можам да играм генијалец, иако тоа може да биде малку натегнато. Второ, купив еден куп работи и ми требаат пари, искрено“, изјави Кери за AP Entertainment.
Jim Carrey explains his return to playing Dr. Robotnik in “Sonic the Hedgehog 3”: “I bought a lot of stuff and I need the money, frankly.” pic.twitter.com/pIFJPuAyRM
— AP Entertainment (@APEntertainment) December 10, 2024
Актерското признание предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Видеото за краток временски период беше прегледано повеќе од 100.000 пати на Икс, а под него се нижеа коментари.
„Веројатно само се шегува. Сигурен сум дека има повеќе од доволно пари“, „Барем е чесен“, „Талентот заслужува плата“, „Ми се допаѓа кога луѓето се директни“, се дел од коментарите.
Текстот (Видео) Џим Кери ја прекина својата пензија поради неговата позната улога: „Искрено, ми требаат пари“ е превземен од МАКФАКС.