Њукасл ги разочара уште еднаш своите навивачи овојпат со изненадувачкиот пораз од Кембриџ јунајтед со резултат 0:1 на стадионот „Ст. Џејмс Парк“ во третото коло на ФА купот.
Единствениот погодок за пласман во ова англиско натпреварување го реализираше Ајронсајд во 56 минута од средбата.
Оваа сезона ништо не му оди на Њукасл, води грчевита борба за опстанок во Премиер лигата, а сега тагата во нивните редови е уште поголема со елиминацијата од нисколигаш што сигурно нема да им се допадне на богатите сопственици.
Лестер не дозволи изненадување и ја оправда фаворитската улога против Ватфорд (4:1). За „лисиците“ головите ги постигна Тилеманс, Медисон, Барнс и Олбрајтон, а на спротивната страна стрелаше Педро.
Во следната фаза денеска се пласираа уште екипите на Мидлзбро, Фулам, Хадерсфилд, Ковентри, Хартлпул, Кристал Палас, Барнсли, Борехамд Вуд, Кидерминстер, Питерборо, Брентфорд, КПР, Брајтон и Виган.