Јутјуберот Џејк Пол (27) го победи Мајк Тајсон (58) во професионална борба што се одржа во Далас.

Пол славеше со едногласна одлука на судиите на стадионот „Далас каубојс“ со 80:72, 79:73, 79:73.

Долгоочекуваниот спектакл пред околу 80.000 гледачи го пренесуваше „Нетфликс“, а борбата се одржа под покровителство на Атлетската комисија на Тексас.

Тајсон доста добро ја започна борбата, беше брз и агилен, но дека е човек во години се покажа на почетокот на втората рунда кога почна да го губи здивот.

Пол беше видно посвеж, поактивен во продолжението и по осум рунди од две минути славеше.

Ова беше прва професионална борба на Тајсон од јуни 2005 година, кога загуби од Кевин Мекбрајд.

Сега има биланс од 50 победи и седум порази, додека Пол има скор од 12 триумфи и еден пораз.

Текстот (Видео) Јутјубер го победи Тајсон е превземен од МАКФАКС.