Јеменските Хути ги повикаа сите меѓународни авиокомпании да ги „земат предвид“ нивните планови за напад врз израелските аеродроми.

Имено, синоќа тие објавија дека работат на воведување „сеопфатна воздушна блокада“ на Израел со постојано таргетирање на израелските аеродроми.

За потсетување, три лица беа полесно повредени вчера наутро, откако проектил испукан од групата падна во близина на Терминал 3 на аеродромот Бен Гурион.

Израелски воени извори за „Ерусалим пост“ изјавија дека ракетата не била пресретната поради техничка грешка во одбранбениот систем.

Портпаролот на војската на Хутите, бригаден генерал Џахџа Сари, објави на Телеграм дека нападот е извршен како одговор на одлуката на Израел да ги прошири воените операции против Хамас во Појасот Газа. Одлуката ја донесе израелскиот кабинет за безбедност во петокот вечерта, а неколку резервни бригади на израелската армија ќе бидат мобилизирани како дел од проширувањето на операцијата.

Текстот (Видео) Хутите најавија нови напади врз израелските аеродроми, вчера беа повредени три лица е превземен од МАКФАКС.