Ноќта на 15 октомври, Њујорк се одржа традиционалната ревија на долна облека на познатиот бренд „Викторијас Сикрет“ за 2025 година, еден од најочекуваните модни настани во годината.
Како и обично, доаѓа во последните месеци од тековната година, а по пистата прошетаа некои од најпознатите имиња во светот на манекенството и најпознатите „ангели“, како што се Адријана Лима, Алесандра Амброзио, Ирина Шајк, Кандис Сванепул, Бехати Принслу, Бела Хадид, Емили Ратајковски и многу други.
Зад сцената, пред ревијата на пистата, имаше опуштена атмосфера исполнета со дружење и смеа, а најубавите и најзгодните жени во светот зрачеа со самодоверба пред спектаклот кој повторно постави стандарди со порака за славење на убавината во сите нејзини варијации.
Тајра Бенкс се врати на пистата по две децении отсуство, додека Шер, Лиза и Тајла беа задолжени за музичкиот и сценскиот спектакл.
фото: принтскрин
Текстот (Видео/фото) Најсекси настанот на годината: ангелите на „Викторија сикрет“ се подготвуваат за пистата е превземен од МАКФАКС.