Американскиот претседател, Доналд Трамп, одобри распоредување на 300 војници од Националната гарда во Чикаго за, според него, да се реши проблемот со криминалот што е надвор од контрола. Ситуацијата ескалираше откако една жена беше застрелана во конфронтација со полицијата.

Овој потег дојде неколку часа откако имиграциските власти соопштија дека се соочиле со демонстранти во градот со кој управуваат демократите. Во соопштението се вели дека десетици демонстранти се судриле со федералните имиграциски агенти на југозападната страна од градот, пренесува Ројтерс.

Полицијата застрелала вооружена жена кога таа и други луѓе со своите автомобили удриле во полициски возила.

Жената, државјанка на САД чиј идентитет не е објавен, сама се одвезла во болница, но засега нема повеќе информации за нејзината состојба.

Државните и локалните лидери ги критикуваа плановите на Трамп за распоредување на војската во последните недели , нарекувајќи го тоа злоупотреба на моќта.

Засега не е познато дали војниците пристигнале во Чикаго, јавува Би-Би-Си.

Трамп ја објави одлуката откако федерален судија во Портланд, Орегон, привремено ја блокираше неговата одлука за распоредување на 200 војници во градот.

Текстот (Видео) Трамп одобри распоредување на 300 војници од Националната гарда во Чикаго е превземен од МАКФАКС.