Нападите на продавниците на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам, а сторителите „ќе поминат низ пекол“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во знак на поддршка за главниот извршен директор на производителот на електрични автомобили и неговиот сојузник Илон Маск.

Акциите на „Тесла“ се зголемија за речиси 4% во вторникот, враќајќи се од најголемиот еднодневен пад во последните четири и пол години претходниот ден. Претседателот Трамп се појави со Маск во Белата куќа за да избере нова „Тесла“ за неговиот персонал.

Активистите неодамна ги организираа таканаречените „Протести за рушење на Тесла“ за да го изразат незадоволството од улогата на Маск во огромното намалување на федералната работна сила наредено од Трамп и откажувањето на договорите за финансирање за хуманитарни програми ширум светот. Маск, најбогатиот човек во светот, раководи со Одделот за владина ефикасност (DOGE) во администрацијата на Трамп.

„Тие ѝ штетат на големата американска компанија“, рече Трамп во Белата куќа, мислејќи на демонстрантите.

„Да ви кажам, ако го направите ова на Тесла, и ако го направите ова на која било компанија, ќе ве фатиме и… ќе поминете низ пеколот“, додаде американскиот претседател, придружуван од Илон Маск, стоејќи покрај неколку паркирани автомобили на Тесла.

Портпаролот на Белата куќа Харисон Филдс рече дека „грозоморните акти на насилство врз Тесла од страна на радикалните левичарски активисти не се ништо помалку од домашен тероризам“.

Околу 350 демонстранти демонстрираа пред застапништвото за електрични возила на „Тесла“ во Портланд минатата недела, додека девет лица беа уапсени за време на бурните протести пред застапништвото на „Тесла“ во Њујорк на почетокот на март.

Исто така, имаше извештаи во медиумите за вандализам врз возилата и салоните на „Тесла“ кои се под истрага. Групата која соопшти дека го организира „Протестот за рушење на Тесла“ во изјава на социјалната мрежа „Блускај“ одговори дека е мирољубива и се спротивставува на насилството.

Текстот (Видео) Трамп им вети „пекол“ на напаѓачите на продавниците на „Тесла“ е превземен од МАКФАКС.