Кошаркарот на Јута Џез, 21-годишниот Тејлор Хендрикс заработи страшна повреда на мечот со Далас Маверикс.
Хендрикс се повреди во третата четвртина од мечот против Далас (102:110). Кошаркарот на Јута беше изнесен од теренот на носилки.
Американските медиуми пренесуваат дека Хендрикс ќе ја пропушти целата сезона во НБА, бидејќи заработи скршеница на потколеницата и повреда на скочниот зглоб.
“Тешко е да се прифати она што се случи. Тејлор работеше напорно во паузата помеѓу двете сезони, тој беше мотивиран да се покаже во одлично светло во оваа натпреварувачка година. На сите ни е жал за се што се случи. Тој е одлично момче, а одличен професионалец и сите му посакуваме брзо закрепнување“, изјави тренерот на Јута, Вил Харди.
Хендрикс (20) беше избран во 2023 година како деветти пик на драфтот во НБА од Јута. Минатата сезона во НБА за Јута имаше просек од 7,3 поени и 4,6 скока по натпревар.
oh man. prayers up for Taylor Hendricks
never want to see this happen to anyone. pic.twitter.com/n3acZSMuxO
— NBA Memes (@NBAMemes) October 29, 2024
Текстот (Видео) Страшна повреда на кошаркарот на Јута, сезоната за него заврши е превземен од МАКФАКС.